Едно лице загина во пожар што синоќа избувна во стан на последниот кат од станбена зграда во населбата Пантелеј во Ниш, потврди нишката полиција.
Како што јави РТС, пожарот не се проширил на останатите станови, а пожарникарите го локализирале во раните утрински часови.
Според првичните информации, во моментот на пожарот во станот немало други лица.
Засега не е познато што го предизвикало пожарот.