среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пукање во тетовско

Пукање во тетовско

На 22.007.2022 околу 13.50 часот во СВР Тетово, Н.М.(50) од с.Милетино, тетовско, пријавил дека слушнал пукање од огнено оружје во моментот кога покрај неговата куќа поминувала колона возила од семејна веселба, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото и пред влезната врата од дворот пронашле девет испукани чаури калибар 9мм пиштолска муниција.

Увид бил извршен, а чаурите биле подигнати за понатамошна постапка.

По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.