среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Итна средба на лидерите на владејачката коалиција во Бугарија

Итна средба на лидерите на владејачката коалиција во Бугарија

Лидерите на партиите од владејачката коалиција во Бугарија – „Продолжуваме со промената“, БСП и „Демократска Бугарија“ Кирил Петков, Асен Василев, Корнелија Нинова, Христо Иванов и Атанас Атанасов вечерва ќе имаат итна коалициска средба.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбата ќе се одржи во 19 часот (по бугарско време) во Советот на министри на Бугарија.

На средбата ќе се разговара за програмата на Бугарската социјалистичка партија, која е носител на третиот (последен) мандат за формирање на евентуална нова бугарска влада. Лидерите на трите партии ќе разговараат и за шансите за формирање влада откако Слави Трифонов ја повлече партијата „Има таков народ“ од преговорите.