среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лекарот на Бајден откри каква е здравствената состојба на американскиот претседател

Лекарот на Бајден откри каква е здравствената состојба на американскиот претседател

Лекарот на Џо Бајден изјави дека американскиот претседател добро заздравува од коронавирусот.

– Претседателот реагира на терапијата како што очекувавме, истакна д-р Кевин О’Конор.

На Бајден му беше препишан Паксловид, лек кој ја намалува можноста за развој на тешка форма на Ковид-19.

Бајден на 21 јули му беше дијагностициран Ковид-19. Тој е инфициран со варијантата БА. 5 на сојот Омикрон. Пред да се разболи, со него биле во близок контакт 17 луѓе, а досега ниту еден од нив не е заразен со Ковид-19.