среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Драма на аеродромот во Далас: Жена почна да пука со пиштол, полицијата ја застрела (ВИДЕО)

Драма на аеродромот во Далас: Жена почна да пука со пиштол, полицијата ја застрела (ВИДЕО)
ФОТО: EPA

Американската јавност денеска повторно беше вознемирена откако се појавија снимки од аеродромот Далас Лав Филд во Тексас, каде полицијата застрела жена која претходно со пиштол во воздух испукала неколку истрели, јавува „Си-ен-ен“.

37-годишната жена во 11 часот по локално време пристигнала на аеродромот и влегла во близина на шалтерите за билети. Камерите на аеродромот ја снимиле како влегла во тоалетот каде облекла друга облека, а потоа извадила пиштол и почнала да пука во таванот, велат од полицијата.

Од полицајците кои биле на местото на настанот веднаш ја застрелале жената во нозете, по што ја привеле. Таа е пренесена во болница.

Во инцидентот нема други повредени.