Шпанскиот вицешампион Барселона договори уште едно засилување за престојнава сезона, засилување на центарската позиција.
Нов член на каталонците ќе биде довчерашниот соиграч на Ненад Димитријевиќ од Валенсија, Мајк Тоби. Договорот е со важност од една сезона, а истиот ќе биде потпишан, официјализиран откако Тоби ќе го мине задолжителните медицински прегледи.
Американецот веќе неколку години настапува во Шпанија, играше во Валенсија и Тенерифе, односно зад своето име има 165 мечеви во Ендеса лигата