четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден негативен на коронавирус, наскоро излегува од изолација

Бајден негативен на коронавирус, наскоро излегува од изолација

Првиот човек на Америка, Џо Бајден, е негативен на коронавирусот и наскоро ќе ја напушти изолацијата, соопшти Белата куќа.

Бајден пет дена е во изолација.

Претседателот на САД направи два антиген теста, еден во вторникот навечер и еден утрово, и двата теста беа негативни.

Бајден ќе носи маска во следните десет дена за да го спречи ширењето на вирусот и ќе ја зголеми фреквенцијата на тестирањата за откривање на можна повторна појава на вирус.