недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Еден од најголемите европски таленти премина во Милан за 35 милиони евра

Еден од најголемите европски таленти премина во Милан за 35 милиони евра

Белгискиот играч за врска Шарл де Кетелере пристигнува од Клуб Бриж за 35 милиони евра и ќе потпише петгодишен договор. Белгискиот репрезентативец и еден од најголемите европски таленти викендов ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише за Росонерите. Го нарекуваат наследник на Кевин де Брујн.

Во претходните три сезони одигра 120 натпревари за Клуб Бриж и постигна 26 гола. Легендата на Милан Деметрио Албертини го спореди Де Кетеларе со легендарниот хрватски капитен Звонимир Бобан.