На 04.08.2022 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со косовска национална ознака, управувано од Д.Х.(33) од Република Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.О.(26) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во патничкото возило „фиат“, А.Д.Х., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, а на возачот од другото возило Л.О. и нејзиниот малолетен сопатник во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ им биле констатирани телесни повреди, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.