понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Со автомобил излетале од патот, тешко повредено едно лице

На 04.08.2022 околу 05:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека кај место викано „Бел Мост“, атар на селото Волино, општина Дебрца, Е.Ф.(21) од Кичево, управувајќи патничко возило „хонда акорд“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.О.(24), со привремен престој во Швајцарија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршиле полициски екипи.