недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Рама во посета на Турција

Рама во посета на Турција

На покана на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган албанскиот премиер Еди Рама ќе присуствува на Игрите на исламската солидарност во Анталија, на кои ќе учествува и албанскиот олимписки тим.

Рама во објава на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од аеродромот во Коња, притоа објавувајќи дека е поканет од турскиот претседател Ердоган на церемонијата на отворање на Игрите на исламската солидарност, но оти ќе присуствува и на важен состанок.

– На покана на претседателот Ердоган за церемонијата на отворање на Игрите на исламската солидарност, каде што учествува и албанскиот олимписки тим, како и на важен работен состанок во Анкара за напредокот на проектите за соработка, напиша Рама покрај видеото и фотографиите што ги објави на социјалните мрежи.

Познато е дека Ердоган е голем пријател на Рама, кој најмалку трипати годишно оди во посета на Турција на средба со шефот на турската држава.