вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени во сообраќајка на патот Струга-Дебар

Тројца повредени во сообраќајка на патот Струга-Дебар
илустрација

На 10.08.2022 околу 10.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на крстосница со локалниот пат за с.Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(66) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од В.Ц.(22) од Албанија.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „мерцедес“, Л.Д.(18) од Албанија, а со телесни повреди се здобиле уште еден сопатник од истото возило, С.Д.(61) од Албанија и возачот Б.П., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.