Се чини дека никогаш немало повеќе “војни“ на балканската естрада. Се почесто се прозиваат колегите, некогаш преку изјави, некогаш преку социјалните мрежи, но има и такви пријателства кои траат со години и ништо не ги променило.
Еден посебен случај е пријателството на фолк ѕвездите Светлана Цеца Ражнатовиќ и Дара Бубамара. Цеца ја пофали Дара во емисијата „ЕКСКЛУЗИВНО“, а таа се воодушеви и ова го објави на својот Инстаграм профил.
-Дара е моја долгогодишна пријателка, се дружиме од почетокот на деведесеттите. Тоа пријателство никогаш не доживеало осцилации, секогаш имало здрави темели. Ја обожавам. Секогаш толку многу ме смее. Позитивна жена, полна со позитивна енергија. И никогаш не забележав ни грам злоба кон другите луѓе во неа, таа само се гледа себеси, своето семејство. Што е нејзина убава карактеристика, таа само шири позитивна енергија, изјави Цеца за „ЕКСКЛУЗИВНО“.
Дара го реобјави ова интервју и над него напиша „Те сакам“, закачи неколку емотикони од црвени срца, како и круна.