Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, се соочува со ново отсуство од националниот тим. Немања Бјелица, новиот член на Фенербахче се повреди и неговиот настап на Европското првенство е неизвесен.
Бјелица го повреди мускулот на ногата на пријателскиот меч против Црна Гора. Немања Бјелица на почетокот на следната седмица ќе мине дтеални лекарски прегледи по што ќе биде познато колку ќе мора да отсуствува. Тој поради повреда го пропушти турнирот на Олимписките игри во Рио.