четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Револуција во Лејкерс: Покрај Леброн Џејмс пристигна уште една голема ѕвезда, се чекаат потписи на уште две

Револуција во Лејкерс: Покрај Леброн Џејмс пристигна уште една голема ѕвезда, се чекаат потписи на уште две

Трансферот на Леброн Џејмс од Кливленд во Лос Анџелес Лејкерс предизвика тектонски поместувања во НБА лигата. Лејкерс веќе сигурно го враќаат својот стар сјај, се враќаат на шампионските патеки.

Откако беше објавено дека Леброн пристигнува во Лос Анџелес, уште една голема ѕвезда потпиша договор со овој тим, а тоа е Ленс Стивенсон од Индијана.

Како што известуваат медиумите во САД, трансфер во Лејкерс се очекува да направат уште две големи ѕвезди, Џавал Мекги кој лани настапуваше за шампионите Голден Стејт, како и една од најголемите ѕвезди во НБА, Каваи Ленард од Сан Антонио Спарс.