Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, која редовно носи брендирани парчиња облека за кои долго се зборува, важи за една од најстилските дотераните дами на балканската и светската јавна сцена.
Секогаш е облечена по најнова мода, а се чини дека чантите и’ се нејзината најголема страст. По онаа направената од крокодилска кожа вредна 80.000 евра, Цеца покажа и нова – овојпат од кожа од ној.
Станува збор за чанта на познатиот моден бренд „Диор“, чија вредност е околу 10.000 евра. Ова модно парче е направено по нарачка и ретко кој го поседува.
Таа на својот Инстаграм објави фотографија од зелената чанта која е направена од кожа од ној, а на фотографијата се најдоа и влечки од познат бренд чија цена е 500 евра.