сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пет лица повредени во тешката сообраќајка кај клучката Хиподром

Пет лица повредени во тешката сообраќајка кај клучката Хиподром

Пет лица од кое една малолетничка се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на автопатот „Мајка Тереза“-клучка Хиподром.

Како што официјално информираат од МВР, во несреќата учетвувале автомобил „бмв 318“ со австриски национални ознаки, управуван од К.Б.(26) од Австрија и автомобил „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Н.(69) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.Н.(66) од возилото „опел инсигниа“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Д.Ј.(29) и уште една малолетна сопатничка, двете од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.