Фудбалерот на бразилската репрезентација Нејмар беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим против Мексико од 2:0, откако го постигна првиот гол и асистираше при вториот, но се најде на мета на критиките поради наводната негова склоност за симулирање при прекршоците.
Нејмар и официјално беше прогласен за играч на натпреварот, но тој заслугите за победата и ги препиша на целата екипа.
– Не мислам дека наградата за најдобар играч е само моја. Тоа е заслуга на целиот тим. Многу ми е драго што победивме и што ќе имаме можност да продолжиме да се натпреваруваме на Светското првенство, истакна Нејмар.
Бразилскиот фудбалер од почетокот на Мундијалот постојано е критикуван за тетаралност и според некои желбата да ги измами судиите.
– Не сум загрижен поради критиките. Пред последните натпревари не комуницирав со новинарите за да ги избегнам полемиките. Јас сум овде да играм и да победувам, наведе Нејмар.
Бразил во четвртфиналето ќе се соочи со подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Белгија и Јапонија.