Новиот член на Серија А, Монца, сака да го ангажира играчот од средниот ред на Милан, Темује Бакајоко.
Дваесет и седумгодишниот Французин се пресели во италијанскиот клуб од Челзи на позајмица. Договорот на фудбалерот со лондонскиот клуб завршува во 2023 година.
Според „Скај спортс“, претставници на Бакајоко се во Милано на преговори.
Во сезоната 2021/22, Бакајоко учествуваше на 17 натпревари на Милан и не постигна гол ниту асистенција.
По три кола во италијанскиот шампионат Монца е на последното место со 0 бодови.