Најмалку три лица се повредени, од кои едно потешко, кога неколку возила се излизгале на автопат во американската сојузна држава Калифорнија, откако камион удрил во заштитната ограда и од него се истуриле домати на асфалтот.
— CHP SOLANO (@ChpSolano) August 29, 2022
Камионот прво удрил во друго возило, па во оградата, при што поголемо количество домати се расфрлале на автопатот. На тој хаос налетале уште четири автомобили, па и тие се излизгале и судриле.
Update….The big rig tow truck is on scene working hard to remove the tomato truck. The #3 and #4 lanes are now open EB. Please drive safe. pic.twitter.com/HuXdVefSsc
— CHP SOLANO (@ChpSolano) August 29, 2022
Полицијата соошти дека доматите во комбинација со масло за автомобили и нечистотијата на патот, очекувано, создале опасни услови за движење. Според познавачи, лушпите од доматите на асфалтот делуваат слично како мразот.