понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излетал на локалниот пат Требош и Џепчиште, тешко повреден возачот

Автомобил излетал на локалниот пат Требош и Џепчиште, тешко повреден возачот
илустрација

Денеска (02.09.2022) во 06.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Требош и Џепчиште, патничко моторно возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Т.К. од тетовски Порој, излетало од коловозот.

Во несреќата, возачот кој бил сам во возилото, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид на местото на несреќата.