Шест годишно дете се здобило со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 15:25 часот.
Од полицијата информираат дека Д.В. пријавила дека на паркингот пред езеро Треска непознато патничко возило удрило во шестгодишно дете од Скопје и го напуштило местото.
-Со друго возило детето било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.