вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за девојчето кое се удави вчера во Илинден

Во Полициското одделение Петровец вчера околу 14:30 часот било пријавено дека на ул. „2“  во населба Илинден-Скопје, на место викано „Бигла“, во ископ за темели за изградба на зграда (кој била полн со вода), паднало 13-годишно девојче од населба Илинден.

-На местото на настанот излегле екипи од СВР-Скопје, Итна медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита. Околу 15.00 часот, од страна на локалните жители, телото на девојчето било извадено. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.