Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека клубот ќе му понуди нов договор на напаѓачот Рафаел Леао.
– Клубот наскоро ќе му понуди нов договор на Леао. Менаџментот ќе се погрижи за тоа. Рафаел не создава никакви проблеми и работи напорно како вистински професионалец, го цитира Пиоли, „Газета дело спорт“.
Претходно беше објавено дека 23-годишниот Португалец ја одбил првата понуда на „Росонерите“ за продолжување на договорот. Миланезите понудија договор до 2026 година со значително зголемување на платата, но играчот и неговите застапници ја одбија понудата.
Леао минатата сезона забележа 42 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 гола и 12 асистенции.
Во Серија А оваа сезона напаѓачот на пет натпревари постигна три гола и две асистенции. Неговиот актуелен договор е до 2024 година.