На 06.09.2022 во 15:17 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 15:00 часот во кругот на фабрика во Кочани, С.М.(23) од Кочани, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ без регистарски таблици, удрил во И.А.(19) и Ј.А.(41), двајцата од Кочани.
Притоа, Ј.А. се здобила со тешки телесни повреди, а И.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Кочани.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.