понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кучиња скитници каснале луѓе во Велес, Битола и Кичево

Кучиња скитници каснале луѓе во Велес, Битола и Кичево

На 06.09.2022 во Полициската станица Велес, М.Г.(62) од Велес пријавил дека на ул.„Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 07.09.2022 во СВР Битола, Н.Т.(43) од Битола пријавил дека во Градскиот парк во Битола бил каснат од куче скитник.

На 06.09.2022 во СВР Битола, С.С.(73) од Битола пријавил дека на ул.„Христо Ботев“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 06.09.2022 година во 17.45 часот, Ј.Б.(59) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.