четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Круниќ останува во Милан до 2025

Круниќ останува во Милан до 2025

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Раде Круниќ, го продолжи договорот со Милан со важност до 2025 година, објави актуелниот италијански фудбалски првак.

– Фудбалскиот клуб Милан со задоволство објавува дека Раде Круниќ го продолжи договорот со клубот до јуни 2025 година, се наведува во клупското соопштение.

Круниќ дојде во Милан од редовите на Емполи во 2019 година за сума од 8.6 милиони евра и во црвено – црниот дрес одигра 91 натпревари во сите конкуренции.

Босанскиот репрезентативец беше еден од клучните играчи за освоената шампионска титула на Милан во минатата сезона и како награда за добрите игри доби продолжување на договорот.