четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредена велосипедистка во Скопје

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
илустрација

На 16.09.2022 околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(58) од Скопје, удрило во велосипед управуван од А.А.(47) од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката А.А., констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.