Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за двата завршни натпревари во Ц-дивизијата во Лигата на нации против Грузија во Тбилиси в петок и против Бугарија во Скопје на 26 септември.
Репрезентативниот напаѓач Бојан Миовски истакна денеска дека и покрај тоа што во составот недостасуваат неколку важни фудбалери, македонската репрезентација има квалитет што ќе го потврди на тешкото гостување во Тбилиси против лидерот во групата 3. – Не очекува навистина тежок натпревар во Грузија, но сите што сме тука сме подготвени да одиграме најдобро, порача напаѓачот на шкотски Абердин.
– Фудбалот се игра за голови, треба да ја подобриме ефикасноста. Селекторот на подготовките ни укажува на тоа, се разбира, трудејќи се да ги воочиме и слабите страни на противникот, додаде Миовски.