На 23.09.2022 при контрола на објект во изградба на ул.„Максут Сдаик“ во Скопје, сопственост на Х.Ќ. од Скопје, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Скопје ги затекнале Д.Ф.(57), Д.С.(51), Д.Б.(47) и К.И.(55), сите од Косово.
По извршените проверки било констатирано дека нелегално работеле на објектот.
Од судија од Основен суд Скопје 1 против нив ќе бидат изречени соодветни санкции по Законот за странци.