недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Се слушнаа 4 удари и се дигна прашина: Вечерва се судрија 5 автомобили во Скопје, возачите се држат за глава

Се слушнаа 4 удари и се дигна прашина: Вечерва се судрија 5 автомобили во Скопје, возачите се држат за глава
Извор: СДК.МК

Пет автомобили во миг се удрија на улицата „11 Октомври“ во центарот на Скопје, кај поранешен ЗОИЛ, објави СДК.МК.

Верижната сообраќајка се случи на тргнување по вклучено зелено светло на семафорот на крстосницата.

-Се слушнаа 4 секавични удари, се дигна бела прашина од воздушни перничиња. Сите излегоа од удрените автомобили, стојат во редица фатени за глава, пишува порталот.

Нема повредени, се чека да дојде полиција.