петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Голем трејд помеѓу Хјустон и Оклахома

Голем трејд помеѓу Хјустон и Оклахома

НБА тимовите на Оклахома сити Тандер и Хјустон Рокетс се договорија за трејд во кој беа вклучени дури осум кошаркари. Оклахома сити Тандер ќе ги добие Дејвид Нваба, Стерлинг Браун, Треј Бурк и Маркиз Крис.

Хјустон Рокетс од нив ги добива Дерик Фејворс, Тај Џером, Мо Харклес и Тео Маледон, заедно со пикот од втората рунда во 2025 година што го добија од Атланта Хокс.

Се проценува дека тој пик би можел да биде солидно пласиран на листата, некаде помеѓу 31. и 40. место.

Оклахома со овој потег ќе ослободи 10 милиони долари од данокот на луксуз.