Украина ќе им се приклучи на Шпанија и Португалија во заедничката кандидатура за домаќини на Светското фудбалско првенство 2030, објави британскиот весник „Тајмс“.
Доколку трите земји ја добијат организацијата, Украина би била домаќин на една од групите на завршниот турнир, а, како што наведува весникот, предлогот има поддршка од украинскиот претседател Володомир Зеленски, како и од шпанските и португалските власти.
Челните луѓе на шпанскиот и португалскиот фудбал новото партнерство со Украина, која од февруари е под воена инвазија од Русија, треба официјално да го објават утре на конференција за новинари во седиштето на УЕФА, пишува британскиот весник.
Светското првенство 2022 стартува идниот месец во Катар, а домаќини на Мундијалот 2026 ќе бидат САД, Канада и Мексико.