вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден: Светот се поблиску до нуклеарен Армагедон од 1962 година

Бајден: Светот се поблиску до нуклеарен Армагедон од 1962 година

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ризикот од нуклеарно уништување на светот е на највисоко ниво од кубанската ракетна криза од 1962 година.

Ова доаѓа откако руски официјални лица зборуваат за можната употреба на тактичко нуклеарно оружје, а во моменти кога бележат значајни неуспеси во војната со Украина, пренесува Ројтерс.

Бајден рекол дека рускиот претседател Владимир Путин е „момче кое добро го познава“ и дека рускиот лидер „не се шегува кога зборува за употреба на тактичко нуклеарно оружје или биолошко или хемиско оружје“, наведува британската агенција.

Додава и дека светот не се соочил со ваква можност уште од времето на Кенеди и кубанската ракетна криза.

Бајден сугерира и дека заканата на Путин е реална бидејќи како што вели, неговата војска се покажала многу послабо од очекуваното на терен.