вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алонсо подготвен за тренерското место во Баер Леверкузен

Алонсо подготвен за тренерското место во Баер Леверкузен

Новиот тренер на Баер, Шпанецот Чаби Алонсо, изјави оти е подготвен за ангажманот во бундеслигашот од Леверкузен, објавија германските медиуми.

Алонсо беше назначен за нов тренер на Баер Леверкузен, откако швајцарскиот стратег Херардо Сеоане доби отказ по завчерашниот пораз од Порто (2-0) во Лигата на шампиони.

За Алонсо ова е прв тренерски ангажман во сениорска конкуренција.

Мислев дека треба да се подготвам и да почекам вистински момент. Мислам дека сега сум подготвен и оти ова е вистинскиот момент. И ова е прекрасен проект. Не се сомневам дека имаме квалитет, дека имаме екипа, рече шпанскиот стратег на официјалната промоција во Баер Леверкузен