Кошаркарот на Далас, Словенецот Лука Дончиќ, е главен кандидат за најкорисен играч во новата сезона, покажуваат резултати од анкетата која челниците на НБА лигата ја спровеле со генералните менаџери на сите клубови – објавија денеска американските медиуми.
Најкорисниот играч во изминатите две НБА сезони, Србинот Никола Јокиќ, не е меѓу четирите кандидати за признанието.Дури 48 отсто од анкетираните сметаат дека Дончиќ е главен фаворит за МВП признанието, пред Јанис Адетокумпо (34 отсто), Џоел Ембид (14) и Стеф Кари (3).
Главен кандидат за освојување на шампионската титула, според анкетата, е Милвоки (43 отсто), пред Голден Стејт (25), Бостон (21) и Лос Анџелес Клиперс (11).