среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повреден возач на скутер во Тетово

Повреден возач на скутер во Тетово

На 07.10.2022 во 13:25 часот било пријавено дека во Тетово на ул.„Илинденска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“, управувано од И.О.(61) од Тетово и скутер „априлија“, управуван од С.А.(22) од с.Брвеница, тетовско, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на скутерот, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.