петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Едно лице пренесено во болница: Пукање попладнево во Скопје, хаос по семејна расправија

Едно лице пренесено во болница: Пукање попладнево во Скопје, хаос по семејна расправија

Некаде околу 14 часот во Скопје, на улица „Словенечка” поради семејни причини и проблеми дошло до расправија, а потоа и до користење огнено оружје, пренесоа дел од порталите.

Според информациите, едно лице е повредено и веднаш е пренесено во една од скопските клиники.

Повеќе околу овој случај се очекува од МВР.