недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Арачиново: Се скарале за сообраќајот, па извадиле пиштол – уништени две возила

Драма во Арачиново: Се скарале за сообраќајот, па извадиле пиштол – уништени две возила

На 08.10.2022 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(37) од с.Арачиново, скопско.

Тој се сомничи дека во 12:40 часот во с.Арачиново, заедно со Е.Н.(24) и И.И.(34), и двајцата од с.Арачиново, по претходно недоразбирање околу сообраќајот физички го нападнале А.З.(35) од с.Арачиново, а употребиле и тврд предмет и пиштол, при што му го оштетиле возилото.

Тие, пукајќи го оштетиле и возилото на неговиот татко Б.З.(62).

Повредени лица нема, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува поднесок.