Капитенот на Јувентус, Леонардо Бонучи би можел да ja промени среднината веќе во јануари, пренесува „Кориере дело Спорт“. Јувентус во саботата со минимален резултат победи против Торино во градското дерби, а капитенот го започна натпреварот од клупата за резерви.
Бонучи во последно време често е критикуван за лошите игри кои ги игра, а локалните медиуми пренесуваат дека е во лоши односи со тренерот Масимилијано Алегри.
За искусниот дефанзивец е заинтересиран Тотенхем, кој со задоволство би го довел, а тој самиот не би имал ништо против да се испроба во Премиер лигата.