На 16.10.2022 во 15:30 часот во Полициската станица Чаир, Г.М.(42) од Скопје пријавил дека на планината над с.Љубанци, скопско, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, на кој сопатник бил неговиот малолетен син, се превртеле и паднале.
По несреќата, двајцата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на малолетникот му биле констатирани телесни повреди, а на Г.М. му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полициски службеници излегле на местото на настанот.