сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Хаос во автобус на ЈСП: Приведени тинејџери насилници, малолетник употребил нож

Хаос во автобус на ЈСП: Приведени тинејџери насилници, малолетник употребил нож

На 18.10.2022 во 18:00 часот на бул.„Партизански одреди“, во автобус на ЈСП, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ш.(19), Н.М.(19), Е.Ш.(18), тројцата од с.Чајлане, општина Сарај и еден малолетник од с.Крушопек, скопско.

Тие се приведени затоа што во 17:45 часот на бул. „Партизански одреди“ физички ги нападнале Б.А.(19), А.Ј.(19) и Р.М.(19), сите од Маврово-Ростуше.

Притоа, малолетникот употребил и остар предмет, кој му бил пронајден и одземен.

Лицата била приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.