Во следните денови ќе се задржи претежно сончево со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.
Во сабота претпладне магла и ниска облачност се очекува на повеќе места. Максималната дневна температура ќе биде 22 степени. Според прогнозата од недела времето ќе биде значително потопло.
Од понеделник се најавуваат студени утра и повисоки дневни температури кои наместа ќе достигнат 28 степени.