Кошаркарот на Алба Берлин, Лук Сикма, е прогласен за најкорисен играч на 3. коло од регуларниот дел од сезоната на Евролигата.
Сикма вчеравечер му помогна на германскиот тим да дојде до голема победа над Панатинаикос (94:65).
Американецот мечот го заврши со 16 поени, 15 скока и шест асистенции за 26 минути поминати на теренот.
Лук средбата ја заврши 33 индексни поени за учинок, што е негов рекорд во Евролигата и најдобар резултат досега кај сите играчи.