среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Јокиќ се израмни со Чембрлен во една статистичка категорија

НБА: Јокиќ се израмни со Чембрлен во една статистичка категорија

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го испорача и 78. трипл-дабл во НБА, а неговиот Денвер славеше против Оклахома со 122:117. За центарот на Нагетс ова значи израмнување со Вилт Чембрлен според бројот на трипл-дабл ефекти, а следен на вечната листа е Леброн Џејмс.

Србинот го завршил дуелот со 19 поени, 16 скокови и 13 асистенции, додека најефикасен во неговиот тим бил Портер со 22 поени.

Јанис Адетокумпо издоминира против Хјустон со 44 поени, па Милвоки славеше со 125:105, додека Тејтум со 40 поени го предводеше Бостон до победа против Орландо.

Филаделфија – Сан Антонио 105:114
Индијана – Детроит 124:115
Орландо – Бостон 120:126
Чикаго – Кливленд 96:128
Мајами – Торонто 112:109
Милвоки – Хјустон 125:105
Далас – Мемфис 137:96
Денвер – Оклахома 122:117
Сакраменто – Л.А Клиперс 109:111