четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Урнебесна реакција: Мурињо тргна кон судијата Ирати, но се премисли кога виде што држи во раката (Видео)

Урнебесна реакција: Мурињо тргна кон судијата Ирати, но се премисли кога виде што држи во раката (Видео)

Вистинско чудо е како ннцидентот меѓу судијата Масимилијано Ирати и Рик Карсдорп заврши без црвен картон, опомена која на крајот ја доби помошникот на Жозе Мурињо во тензичниот крај на дербито на „Олимпико“.

Од една страна имаше метеж меѓу Ирвинг Лозано и неколку играчи на Рома, на другата страна во клинч влегоа Ирати и Карсдорп, а иако најдебелиот крај го извлече помошникот на Жозе, вирален хит стана и една реакција на искусниот португалски стручњак.

Мурињо по мечот истакна дека навистина го почитува Ирати и тој е еден од ретките судии кои дозволуваат разговор и дијалог, но сепак заклучи дека мора да се помири со фактот дека имал навистина лош меч.

Сепак, главен хит на социјалните мрежи не е изјавата на Мурињо, туку неговата реакција кога беше во близина на арбитарот.

Додека Ирати и Карсдорп ги решаваа недоразбирањата на необичен начин, Мурињо сакаше да се вмеша и да протестира, но се премисли и тргна во друг правец кога виде дека Ирати во раката држи црвен картон….