Времето денеска ќе биде умерено облачно, во северните делови со услови за краткотарен попладневен дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 18 степени, а дневната од 17 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува осум.
Во Скопје ќе биде облачно, со умерен северозападен ветер и температура од 16 до 28 степени.
Според УХМР, следува период на претежно стабилно и потопло време, освен во петок кога во попладневните часови на север ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.