недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нови 11 случаи на коронавирус, починале две лица

Нови 11 случаи на коронавирус, починале две лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 248 тестови, а регистрирани се 11 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 9, Прилеп и Штип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (11), регистрирана е една реинфекција.

Регистрирани сe 56 оздравени пациенти од: Скопје – 21, Прилеп – 9, Битола – 8, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Штип – по 3, Неготино – 2, Тетово – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 2 починати лица од Скопје. Починатите лица се на возраст од 66 до 80 години. Едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 21.10 до 22.10.2022 година.

Направени се 248 тестови: ИЈЗ-12, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-0, Жан Митрев (Филип Втори)-2, Авицена-16, Биотек-6, Систина-3, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-10, Плодност-1, Генеа-0, Никоб Лаб-14, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 177.

Досега во земјата се направени вкупно 2.180.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.927, бројот на оздравени пациенти е 334.129, на починати е 9.561 а бројот на активни случаи изнесува 237.

Најнови вести