Иако сопственикот Стивен Жанг денеска изјави дека Интер не е на продажба, два американски инвеститора покажале интерес, сепак, да го купат италијанскиот гигант.
Засега не се познати имиња на бизнисмените или конзорциумите кои се заинтересирани да застанат на чело на Интер, но може да биде интересно во идниот период.
Фамилијата Жанг го проценува клубот на 1,2 милијарди евра, истата сума за која пред неколку месеци беше продаден градскиот ривал Милан.
Последните финансиски анализи покажале дека Интер ја завршил минатата сезона со добивка од 75 милиони евра, а долговите се намалени за 140 милиони евра.