петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нагелсман открива што сака да научи од Реал Мадрид и неговиот главен тренер

Нагелсман открива што сака да научи од Реал Мадрид и неговиот главен тренер

Тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман изјави дека сака да ја има истата смиреност како што ја покажува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти за време на натпреварите на неговиот тим.

-Реал Мадрид освојува многу титули. Секогаш можете да научите нешто од најдобрите тимови и врвни тренери. Во овој случај, потребното трпение во одредени ситуации и способноста да се контролирате, изјави Нагелсман за „Спорт Билд“.

Денес од 15:30 часот Баерн гостува кај Мајнц во 12. коло од германскиот шампионат.

Баварците се втори на табелата во Бундеслигата со 22 бода, еден помалку од лидерот Унион Берлин. (МИА)